Фреди Алварез се враќа во ПМФЛ, ќе игра во Гостивар!?

Поранешниот фудбалер на Шкупи, и најдобар асистент за минатата сезона, Фреди Алварез, после една година се враќа во Македонија. Како што дознава ЕКИПА, Костариканецот е блиску да го засили тимот на Гостивар.

Алварез две години беше дел од чаирскиот тим, а ланската сезона имаше дури 20 асистенции и беше еден од најдобрите играчи во ПМФЛ. 29-годишниот фудбалер би бил големо засилување за Гостивар, кој што најавува сериозен проект.

Гостивар вчера се засили со Дарко Глишиќ и со Мевљан Мурати, а и Костадин Чешмеџиев е пред портите на овој тим. Се преговара и со Ведран Ќосевски, но засега тој е далеку од голот на гостиварци.

Се вчитува...