Новиот македонски фудбалски прволигаш, Беси го продолжува составувањето на тимот за новата сезона во елитниот шампионат во Македонија.
Најново засилување за Беса е досегашниот фудбалер на Брегалница, Горан Силјановски.
„Силјановски има долга и успешна фудбалска кариера. Тој ни доаѓа од екипата на Брегалница каде што беше дел 2 последователни години во првата лига. Силјановски има настапувано и за некои од најпознатите клубови во Македонија, меѓу кои Македонија ЃП, Вардар, Ренова и Работнички. Горан Силјановски брои една шампионска титула и три титули во Купот на Македонија. Има искуство и во албанското првенство како дел од екипи како Фљамуртари и Динамо Тирана. Ќе работиме напорно за да постигнеме успеси и да испишеме историја“, стои во соопштението на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА