Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Спировски повторно се враќа во македонскиот фудбал.
Согласно последните информации од таборот на најтрофејниот македонски клуб, 33-годишниот Спировски е повторно пред враќање во редовите на Вардар, каде настапуваше во периодот од 2015 до 2017 година, како големо засилување за средниот ред во новата сезона.
Спировски е желба и на актуелниот шампион Струга ТЛ, постојат разговори и за преселба во Струга, но се чини дека фудбалерот на кипарски Етникос е поблиску до црвено-црниот дрес.
Пред враќање во македонскиот фудбал е уште еден поранешен македонски репрезентативец, централниот дефанзивец Кире Ристевски, за кого исто така е заинтересирана Струга ТЛ, но постои можност и за негова преселба во Пелистер доколку битолчани успеат да креираат амбициозен буџет за враќањето во Првата лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА