Десниот бек и повремен репрезентативец Кристијан Тошевски, во идната сезона би можел да биде дел од струмичкиот прволигаш АП Брера, дознава ЕКИПА.
Тошевски во изминатата сезона играше во Шкупи, а претходно настапуваше во Албанија. Од македонските клубови бекот беше дел од Вардар, Тетекс и Пелистер. Мина и три сезони во Тирана.
Тошевски минатата сезона одигра 26 натпревари во Првата лига за Шкупи, и четири во Лигата на конференции. Забележа две асистенции. За македонскиот сениорски национален тим има одиграно девет натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА