Поранешниот македонски репрезентативец Милован Петровиќ е најновото засилување на Тиквеш пред настапи во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
Петровиќ се враќа во својот Тиквеш од каде замина во 2009 година, по што настапуваше и за Победа, Работнички и Вардар во македонското првенство, како и за хрватски Осијек, романска Сепси и српските Златибор и Радник Сурдулица.
Минатава сезона настапуваше за Клуб Иглс на Малдивите, од каде сега се враќа во Кавадарци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА