Марјан Ристовски Швајц е ново име во македонскиот прволигаш Брера Струмица.
Марјан Ристовски потекнува од Гевгелија а во својата кариера има настапувано за повеке македонски клубови. Тој во Струмица доаѓа од Вардар каде во последната сезона одигра 29 натпревари постигнувајки три гола и запишувајки седум асистенции.
Претходно Ристовски има настапувано за Силекс, Работнички, Борец, Тиквеш и Кожуф.
“Среќен сум што ќе бидам дел од Брера Струмица и ќе дадам се од себе да се исполни зацртаната цел за следната сезона. Станува збор за клуб кој сите го репектираат бидејки го води една легенда како што е Горан Пандев. Брера е фудбалски проект кој веќе го препознаваат сите и ми преставува задоволство што ќе бидам дел од него“, кажа Ристовски.
Стартот на подготовките за следанта сезона е закажан при крајот на месецов, а претходно струмичкиот дрес го облекоа французинот Дианеси и искусниот напаѓач Каланоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА