Тиквеш остана без „генералката“ за својот дебитантски настап следната недела на европската сцена, откако Гостивар во последен момент го откажа пријателскиот натпревар кој требаше да се игра во Кавадарци.
Гостиварци, и покрај договорот, се одлучиле да го откажат тест дуелот кој требаше да претставува финална контрола за Тиквеш пред настапот во Конференциската лига на УЕФА. Со оглед на тоа што контролната средба е откажана на 40 часа пред одигрувањето, за кавадарчани, како што велат, беше невозможно во меѓувреме да се договори пријателска средба со друга домашна екипа.
Шефот на стручниот штаб Ѓорѓи Мојсов ќе мора без финална проверка да се спротистави на исландскиот Бреидаблик во 1. квалификациско коло за УЕФА Конференциската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА