Шкендија и Динамо Киев постигнаа согласност за нова позајмица на фудбалерот Решат Рамадани на уште една година. Рамадани во 2023 година од Шкендија замина во Динамо Киев, а во изминатите шест месеци играше како позајмен во тетовскиот тим.
Сега двете страни постигнаа нов договор за нова едногодишна позајмица, со што Рамадани ќе настапува за својот матичен клуб уште една година.
„Овој договор се очекува да помогне во понатамошниот развој на играчот и да придонесе за успехот на нашиот тим. Го поздравуваме продолжението на Решат Рамадани и му посакуваме успех во новата сезона!“, стои во соопштението на Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА