Струга ТЛ, како и што беше претходно најавено, за настапот во квалификациите од Лигата на шампионите на УЕФА се засили и со досегашниот голман на Македонија ЃП, Христијан Стевковски.
По претходниот ангажман на поранешните репрезентативци Стефан Спировски и Кире Ристевски, денеска официјална промоција и на Христијан Стевковски во дресот на стружани.
25-годишниот Стевковски треба да биде замената за Ведран Ќосевски на голот на стружани, и покрај тоа што клубот претходно го ангажираше Босанецот Филип Дујмовиќ.
Стевковски од 2020 година одлично го бранеше голот на Македонија ЃП, по што следи сега трансферот во редовите на македонскиот шампион. Претходно во својата кариера, Стевковски беше дел и од екипата на Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА