Аргентинскиот фудбалер Факундо Аранда се очекува да биде првото засилување за Вардар за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Довчерашниот фудбалер на црногорскиот прволигаш Језеро, како што пренесуваат црногорските медиуми, веќе има првични преговори за преселба во редовите на Вардар.
24-годишниот Аранда, кој игра на крилните офанзивни позиции, во јуни 2023 од аргентински Пењарол пристигнал во црногорскиот Језеро, од каде сега се очекува да потпише за најтрофејниот македонски клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА