Мурињо директен без многу „влакна на јазикот“: Па тој никогаш не би дошол во Фенербахче!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо онака директно, како што навикнала фудбалската јавност на него, се чини им ги отвора очите и на Турците кога е во прашање нивната убеденост дека најдобрите клубови од земјата се максимално атрактивни за секој фудбалер од Европа и светот.

Мурињо, и самиот, е навикнат од минатото неговите клубови практички секогаш да ги задоволуваат неговите барања, но сега не може да ги привлече своите главни цели. И тоа му е јасно. Зборуваше пред турските медиумите за 19-годишниот бисер на Бенфика, Жоао Невес, кој, според неговите зборови, не сака во турскиот клуб.

„Тој никогаш не би дошол во Фенербахче. Турција не е дестинација која младите европјани ја посакуваат, сепак бираат други лиги за изградба на големи кариери“ – вели Мурињо и дополнува:

„А, играчите кои се веќе во Турција и кои ме привлекуваат се надвор од нашите можности. Пазарот сега се отвори, но проблем е што сите чинат многу повеќе од што можеме да си дозволиме. А, некои и плус од надвор не сакаат во Турција“.

Се вчитува...