Официјално: Гостивар потпиша со Алдаир и со Хусмани, следи уште едно големо засилување

Гостивар успеа во намерата да го доведе Алдаир во своите редови откако македонскиот прволигаш денеска и официјално потпиша договор со овој 32-годишен дефанзивец.

Алдаир е со потекло од Гвинеа Бисау, но голем дел од кариерата го мина во Португалија. Тој потекнува од фудбалската школа на португалски Пењафиел, а во Португалија има настапи и за Олхиненсе, Жил Висенте и Мадеира. Настапувал и за АЕЛ Лимасол во Кипар, како и за словенечка Олимпија, а последниве две години бил дел од турските Бодрум и Шанлурфаспор, од каде сега доаѓа во Гостивар.

Гостивар денеска официјализираше уште еден транфер, потпишувајќи договор со 33-годишниот Зени Хусмани, искуниот играч за врска кој се враќа назад во мак-фудбалот откако во последните неколку сезони настапуваше за Домжале во словенечкиот шампионат.

Се очекува во наредните денови гостиварци да ангажираат уште едно квалитетно засилување од странство, и тоа во нападот на тимот. Неофицијално, станува збор за Набил Дирар, мароканскиот голгетер кој своевремено има настапувано и за Фенербахче, Бриж и за Монако, а сега се наоѓа пред потпис со македонскиот прволигаш.

Се вчитува...