Гостивар го донесе младиот Кристијан Ѓорѓиевски

Играчот од средниот ред, 17-годишниот Кристијан Ѓорѓиевски е нов играч на Гостивар. Тој досега настапуваше за младинските селекции на Македонија ЃП. Ѓорѓиевски е младински репрезентативец, дел од селекциите до 17 и 18 години.

Ѓорѓиевски потекнува од школата на Њу Стар, а беше дел и од првиот тим на „лавовите“ иако нема ни 18 години. Тој треба да биде засилување за иднината на Гостивар.

Се вчитува...