Велес завиен во црно: Загина млад фудбалер

Младиот фудбалер 21-годишниот Гоце Коцевски го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа. Оваа информација ја објави неговиот поранешен клуб Борец Велес.

Коцевски со својот автомобил излетал на патот Кочани – Три Чешми, на клучката кај селото Спанчево, и починал на лице место.

Освен во Борец, Коцевски играше и во Превалец и во Кул.

Борец преку социјалните мрежи испрати последен поздрав до младото момче и сочувство до најблиските.

Се вчитува...