Фудбалерите на Работнички триумфираа со 0-1 на пријателскиот натпревар против Брегалница кој се одигра во Штип.
Стрелец за победата на „романтичарите“ беше Аломеровиќ во 45. минута од средбата.
Воска спорт, пак, на тест-дуел кој се одигра во Струга ремизираше (1-1) со косовскиот прволигаш Лирија од Призрен.
Ова беше шестиот тест натпревар низ подготовките за тимот на Воска. Во недела, 4. август, Воска ќе го одигра последниот натпревар пред почетокот на сезоната, против второлигашот Охрид. Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига охриѓани ја стартуваат со дуелот против Шкупи на 11. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА