Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Демир Имери по седум години интернационална кариера се враќа повторно во македонскиот фудбал.
28-годишниот офанзивен фудбалер од средниот ред е пред официјална промоција во дресот на Шкупи, каде ќе ја продолжи кариерата.
Имери, кој потекнува од кичевски Влазрими, на домашната сцена претходно настапуваше и за Работнички, Шкендија, Хоризонт Турново и Ренова од каде во 2017 година започна интернационална кариера. Играше потоа и за фински Кеми, и за Олимпик Доњецк во Украина, за албанските Влазнија и Егнатија, за казахстански Атирау како и за Андихон во Узбекистан од каде сега треба да потпише за Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА