Удар за Шкупи: Серафимов ги скина лигаментите во коленото

Шкупи се соочи со проблем во подготовките за новата сезона откако Давор Серафимов заработи тешка повреда на коленото за време на дуелот со Игдир што беше одигран во Турција.

Деталните лекарски прегледи покажаа дека станува збор за кинење на лигаментите на коленото, за што врз Серафимов веднаш бил извршен и хируршки зафат. Доколку се биде во најдобар ред, овој фудбалер би можел да се врати во тимот на Шкупи за вториот дел од сезонава.

„Нашиот фудбалер Давор Серафимов денеска беше успешно опериран по повредата на лигаментите на коленото. Според докторите, операцијата минала добро и Серафимов сега ќе треба да мине рехабилитациска програма од шест месеци пред да може да се врати на терените. Сите во клубот му посакуваат брза рехабилитација и да биде уште посилен по враќањето во тимот“, се вели во објавата на ФК Шкупи.

Се вчитува...