Бесарт Ибраими и самиот го потврди заминувањето од таборот на Струга ТЛ пред преселбата во таборот на Шкендија, клуб каде што легендарниот голгетер сака да ја заврши својата богата кариера.
Ибраими преку писмо објавено на својот профил на инстаграм се збогуваше од стружани, заблагодарувајќи се за поддршката што ја чувствувал во изминатите години.
„Почитувани стружани, сакам да ве информирам дека по меѓусебен договор со раководството нема повеќе да бидам дел од Струга Трим Љум, клубот со кој испишавме историја, освојувајќи ја шампионската титула и станувајќи дел од европските натпреварувања.
Благодарност до претседателот и сите останати во клубот, за нивната коректност и соработка во текот на двете години колку што бев дел од Струга Трим Љум. Овој клуб засекогаш ќе остане во моето срце“, напиша Ибраими.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА