Шкендија му се заблагодари на Тотре, фудбалерот се враќа во украинска Ворскла

Македонскито фудбалски прволигаш му се заблагодари на Енур Тотре кој минатата сезона ја помина на позајмица во Тетово, од редовите на украинскиот прволигаш Ворскла.

Тотре ќе се врати во украинскиот тим, откако помина одлична полусезона во редовите на македонскиот тим.

„Шкендија објавува крај на едногодишната позајмица на фудбалерот Енур Тотре од украинскиот тим Ворскла Полтава. Шкендија искрено му се заблагодарува на Енур Тотрен за неговата посветеност во времето поминато со нас. Воедно, изразуваме посебна благодарност до Ворскла Полтава за соработката и поддршката при оваа позајмица. На Енур Тотре и Ворскла Полтава им посакуваме се најдобро во иднина и успех во нивните спортски патувања“, стои во соопштението на Шкендија. 

Се вчитува...