Стефан Лазаревиќ ги засили „романтичарите“

Досегашниот дефанзивец на Силекс, Стефан Лазаревиќ е ново засилување за Работнички. Искусниот десен бек ќе ги засили „романтичарите“ пред почетокот на сезоната.

Лазаревиќ во минатото играше и за Македонија ЃП, со кој освои две Куп титули, а беше дел и од Вардар.

27-годишниот играч беше дел и од Борец, Тетекс, Гостивар и Скопје.

Претходно Работнички се засили со Лука Робакидзе и со Михаил Димитриевски, двајцата досегашни играчи на Брегалница.

Се вчитува...