После четири години, Шкендија го врати Валон Ахмеди во своите редови. Играчот од средниот ред после „епизодата“ во Шахтјор Солигорск, се враќа во македонското првенство, и ќе ги засили редовите на тетовските „црвено-црните“.
Договорот на Ахмеди со Шкендија е на две години. Тој е поранешен албански репрезентативец, за чија селекција има одиграно два натпревари.
Ахмеди во својата кариера има играно во Словенија, во редовите на Целје, Марибор, потоа во Ирони Кирјат Шмона во Израел, па во Интер Запрешиќ.
Тој во 2020 година за Шкендија одигра 17 натпревари и постигна четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА