На еден ден пред почетокот на новата сезона, Шкупи го промовираше новите имиња на кои ќе смета за идниот шампионат.
Чаирскиот тим се засили со Џелил Асани, Демир Имери, Ел Хаџи Гуеје, Јумеми Канда, Флоријан Кадриу. Кадриу, Асани и Имери се повратници во мак фудбалот, додека Гуеје и Канда се сосема нови и непознати имиња за нашата јавност.
Имери во минатото беше дел од Влазерими, Работнички, Хоризонт Турново, Ренова и Шкендија, пред да почне интернационална кариера играјќи во Кеми Сити од Финска, Моста од Малта, Олимпик Доњецк од Украина, и во албанските Влазнија, Егнатија, како и во казахстанскиот Атирау, и во Андијон од Узбекистан.
Џелил Асани, пак, доаѓа од албанскиот тим Ерзени, а играл во Влазнија, Рудар Приједор, СКА Хабаровск, Младост Какањ, во Шкендија, скопски Металург и Влазерими.
Ел Хаџи-Гуеје е 24-годишен стопер од Сенегал. Бил дел од Лил и Мускрон. Доаѓа да ја засили конкуренцијата на стоперската позиција во тимот.
Ново име во тимот од Чаир е и јапонскиот офанзивен играч од средниот ред, Јумеми Канда. 29-годишниот Јапонец доаѓа од редовите на Ренџерс од Хонг Конг, а бил дел од Јокохама, Токио 23 и други јапонски клубови.
Флоријан Кадриу e повратник на Чаир. Десното крило играше за Шкупи шест месеци во 2017 година, и сега одново ќе го носи дресот на Шкупи.
Ново име во редовите на Шкупи е и Кристијан Блажевски. Блажевски игра на позицијата лев бек, и доаѓа од екипата на Крка, Словенија. Потекнува од школата на Брера, а има играно и во Хрватска.
Емир Асани исто така е ново име во редовите на Шкупи, како и голманот Амар Мелиќи.
Новина во таборот на некогашниот македонски првак е и напаѓачот Георг Стојановски. Стојановски досега беше дел од Работнички, а играше и во ОАЕ. Тој потекнува од младинските категории на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА