Натпреварот Шкупи – Воска во рамките од 1. коло во ПМФЛ, наместо на Чаир, ќе се одигра во Маџари. Шкупи соопштува дека теренот на Чаир е во лоша состојба од жешкото време, па поради тоа е овој чекор.
„Поради високите температури, стадионот во Чаир претрпе штета, па затоа ќе ја почнеме сезоната на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Се разбира, очекувам од нашите фанови поддршка“, стои во објавата на Шкупи.
Натпреварот се игра со почеток во 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА