На само еден час пред стартот на новата сезона во ПМФЛ и дуелот на Гостивар против Пелистер, македонскиот прволигаш можеби го претстави најзвучното засилување летово.
Поранешниот сенегалски репрезентативец, Муса Соу и член на Лил и Фенербахче, ќе биде дел од клубот и ќе ја врши функцијата спортски директор.
„Задоволство ни е да објавиме дека Муса Соу се приклучува на нашиот клубски менаџмент. Тој е легенда на Фенербахче и Лил, двократен шампион, најдобар стрелец во турската Суперлига и француската Лига 1, мајстор за голови, пример за спортски и хуманитарни дела во Турција и Африка. Срдечно му посакуваме добредојде за неговата одлука да ни се придружи на нашето патување“, стои во соопштението на Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА