Тренерот на Брера, Бојан Круљ сосема очекувано е задоволен од стартот на сезоната на неговата екипа со триумфот од 3-1 против Вардар во Струмица.
Круљ вели дека неговиот тим го одиграл најдобриот натпревар откако тој е на кормилото на клубот.
„Сакам да им честитам на момците за одлично одиграниот натпревар. Ова е сигурно нашиот најдобар натпревар откако сум јас тренер на тимот. Можам само да им честитам и да побарам да продолжиме во овој ритам. Сакам да им посакам среќа на фудбалерите на Вардар во сезоната, а ние веќе започнуваме да се подготвуваме за следните предизвици“ – истакна Круљ по мечот на „Благој Истатов“.
Во следното коло од домашниот шампионат АП Брера гостува на Силекс во Кратово, додека Вардар ќе ги бара првите бодови дома во „вечното дерби“ со Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА