Шкупи го откупи договорот на Бесар Гуџуфи од Бешикташ, кој минатата сезона како позајмен фудбалер од турскиот гигант настапуваше во редовите на чаирскиот прволигаш.
Сега Шкупи се одлучи комплетно да го откупи договорот на талентираниот 20-годишен крилен офанзивец.
„Гуџуфи потпиша целосен договор со Шкупи. Возбудени сме што ќе биде во нашиот тим. Потсетуваме, Гуџуфи пред да се пресели во Бешикташ, претходно настапуваше за Вардар и за Беласица“ – информираа од редовите на Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА