Шкендија на најдобар можен начин ја започна новата сезона во Првата македонска лига триумфирајќи со 1-3 на гостувањето против новиот прволигаш Беса 1976.
Задоволство од стартот на сезоната искажува и албанскиот интеренационалец, Александер Трумчи, кој првпат во кариерата игра во Македонија.
„Остваривме многу важна победа за успешен старт на сезоната. Игравме дисциплинирано и покажавме цврст карактер на теренот. Поддршката од навивачите беше извонредна, се чувствувавме како да имаме ветер во грбот. Сега во мислите ни е следниот натпревар против Работнички на домашен терен и повторно ги посакуваме трите бода. Ривалот е незгоден, но ние секогаш целиме на победа“ – вели Трумчи.
Тетовци утре во второто коло од ПМФЛ ги очекува пресметката со Работнички која стартува од 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА