ВТОРА ЛИГА: „Лавовите“ со победа против Охрид ја почнаа сезоната, Брегалница подобра од Победа

Фудбалерите на Македонија ЃП со победа ја почнаа новата сезона во Втората македонска фудбалска лига низ желбата за експресно враќање во елитното друштво.

„Лавовите“ во 1. коло пред своите навивачи во Ѓорче Петров славеа против уште еден претендент за висок пласман, екипата на Охрид, со 2-0. Крсте Велкоски во 54. минута од пенал и Симеон Христов во 57. минута беа стрелци на головите за домашните.

Триумф забележа и штипска Брегалница која со 2-1 славеше против Победа. Брегалница поведе со голот на Иван Глигоров во 20. минута, a Абази во 53. минута зголеми и на 2-0. Дамјан Ангелкоски во 67.минута само го ублажи поразот на прилепчани.

Арсими убедливо со 4-2 ја победи Беласица, а Вардар Неготино на гостински терен во Кочани славеше против Осогово со 1-2. Без победник, со идентични 2-2, завршија натпреварите во Гевгелија меѓу Кожуф и Каменица Саса, и во Автокоманда меѓу Скопје и Вардарски.

Вистински шок приреди Новаци кој на гости во Радовиш славеше против Детонит Плачковица со 2-4. Сефедин Сатни со голот во 50. минута и Насаф Шабанов со голот во 93. минута ја донесоа победата за Новаци, откако првото полувреме на дуелот заврши 2-2.

ВТОРА ЛИГА – 1. КОЛО
Кочани: ОСОГОВО – ВАРДАР НЕГОТИНО 1-2
Скопје: СКОПЈЕ – ВАРДАРСКИ 2-2
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ОХРИД 2-0
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА 2-1
Гевгелија: КОЖУФ – КАМЕНИЦА САСА 2-2
Радовиш: ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – НОВАЦИ 2-4
Гостивар: АРСИМИ – БЕЛАСИЦА 4-2

20. АВГУСТ 2024 (17 ч.)
Велес: БОРЕЦ – БАШКИМИ

Се вчитува...