Двете екипи кои победнички тргнаа на стартот од новата сезона, Шкендија и Работнички денеска од 17 часот во директна пресметка за бодови во 2. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Шкендија по трумфот над Беса на стартот, сега посакува нови бодови и покрај фактот дека „романтичарите“ ќе бидат далеку потежок противник.
„Беше многу важно да се започне со три бода. Игравме добро и го добивме она што го сакавме. Секако, победничкиот старт е секогаш важен за продолжението на сезоната. Сега конечно доаѓаме да играме во Тетово на официјален натпревар и мотивирани сме да дадеме се од себе. Работнички е добар тим и ние го почитуваме, но ние сме Шкендија и одиме на победа на секој натпревар. Мораме да ги одработиме нашите задачи, бидејќи кога ќе го направиме тоа што го сака стручниот штаб, поблиску сме до успехот“ – вели Флорент Рамадани.
Интересен дуел ќе има и во Струга каде шампионот Струга ТЛ го пречекува новиот прволигаш Беса, но и во Кратово каде гостува АП Брера по убедливиот старт на сезоната и победата над Вардар.
„По триумфот над Вардар сега добивме дополнителна мотивација и за гостувањето во Кратово против Силекс, од каде очекуваме нови три бода. Компактни сме, обединети и веруваме во успех. Најголемата опасност по нашиот гол ќе бидат крилни позиции кои се најсилното оружје на кратовци“ – вели офанзивецот на Брера, Марјан Ристовски.
ПРВА ЛИГА – 2. КОЛО (денеска, 17 ч.)
Кавадарци: ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ
Штип: ГОСТИВАР – ШКУПИ
Кратово: СИЛЕКС – АП БРЕРА
Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ
Струга: СТРУГА ТЛ – БЕСА
ДЕНЕСКА, 20 Ч.
Скопје: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА