Мазари: Мотивирани сме во Тетово да го покажеме најдоброто од себе

Работнички со триумф над Силекс ја почна новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Сега „романтичарите“ со дополнителен мотив го очекуваат и дуелот против Шкендија денеска од 17 часот во 2. коло од шампионатот.

Атдхе Мазари верува дека Работнички може да го одигра најдоброто и повторно да дојде до позитивен резултат.

„По успешниот старт на сезоната, триумфот над Силекс, атмосферата во тимот е на високо ниво, а ние сме фокусирани да ја повториме таа игра, но и уште подобра, против Шкендија во Тетово. Тие се одличен тим, но и ние имаме свои амбиции и се надеваме на успех на денешниот меч. Свесни сме дека нема да биде лесно, ама од друга страна сме и мотивирани да го покажеме најдоброто од себе“ – вели Мазари.

ПРВА ЛИГА – 2. КОЛО (денеска, 17 ч.)
Кавадарци: ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ
Штип: ГОСТИВАР – ШКУПИ
Кратово: СИЛЕКС – АП БРЕРА
Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ
Струга: СТРУГА ТЛ – БЕСА
ДЕНЕСКА, 20 Ч.
Скопје: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР

Се вчитува...