Три гола во раната фаза од второто полувреме на натпреварите од 2. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Работнички успеа да израмни на 1-1 на гостувањето против Шкендија во Тетово во 53. минута.
Мазари беше стрелец на голот за израмнување на „романтичарите“.
Струга ТЛ, пак, поведе со 1-0 против Беса со погодокот на Сава Радиќ во 49. минута.
Силекс продолжува со лекцијата за АП Брера, со водство и од 3-0 со вториот гол на мечот на Марко Ѓорѓиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА