Првото полувреме од вечното македонско дерби меѓу Вардар и Пелистер минува во потпросечен фудбал, но затоа во главна улога се „Комитите“, кои приредија шоу на Западната трибина од националната арена.
Приврзаниците на Вардар лани го спасија клубот од целосен колапс, годинава се надеваат на многу подобри резултати, во голем број се собраа за денешниот дуел со Пелистер и со извонредна пиротехничка претстава го одбележаа дуелот со битолчани.
Резултатот по првите 45 минути е 0-0, а останува да се види дали фудбалерите на Вардар ќе ги наградат своите верни навивачи со триумф на ова дерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА