Вардар стигна до првата победа во новата сезона откако по голема борба славеше над Пелистер со 1-0, со гол постигнат во финишот од ова вечно дерби. Битолчани беа на чекор да стигнат до посакуваното реми, но Французинот Дијанеси беше човек на одлука постигнувајќи го победничкиот погодок во 82. минута за огромна радост на вардаровите приврзаници на националната арена.
Атмосферата на трибините беше одлична, но фудбалерите на двата тима не понудија премногу врвни потези на теренот. Повеќе се внимаваше на сопствениот отколку на противничкиот гол, па затоа и мал беше бројот на шанси, а овој дуел заврши со поделба на бодовите меѓу вечните ривали.
Гачевски спречи водство на Пелистер во финишот од првото полувреме, Вардар имаше повеќе од поседот на топката, но „црвено-црните“ се мачеа иницијативата да ја претворат и во победнички погодок. Подобрата игра на крајот сепак вроди со плод, откако по еден корнер во 82. минута одлично во шеснаесеетникот се снајде Дијанеси со прецизен удар со глава ја смести топката во мрежата.
Пелистер се обиде да се врати во финишот, но битолчани не успеаја во својата намера и Вардар стигна до првата новосезонска победа во елитното друштво од мак-фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА