Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
ТИМ НА 2. КОЛО
Сите погледи во 2. коло од ПМФЛ беа насочени кон Националната Арена „Тодор Проески“ каде што во вечерен термин се играше големото македонско дерби помеѓу Вардар и Пелистер. Конечно, дерби во вистински сјај, со многу публика, преку 10.000 гледачи и на крајот триумф на „црвено-црните“. И дефинитивно на ПМФЛ му недостасува едно вакво големо дерби, иако на теренот се играше многу тактички, тврдо, без убавина. На крајот голот на Дијанеси ги израдува „Комитите“, а ги расплаче „Члембарите“, за победа на Вардар, прва во новата сезона. И покрај тоа што не блескаа, сепак, „црвено-црните“ на крајот освоија три бода, после неубедливиот старт и поразот во Струмица од Брера. Сепак, и оваа победа не беше доволна за „мир во куќа“. Вардар само ден после победата во дербито остана без стручен штаб, откако Горазд Михајлов сеи поднесе оставка. Брера, пак, од победа над Вардар, доживеа дебакл во Кратово. Силекс веднаш врати после поразот од Работнички на почетокот, и во голем стил ги освои трите бода. На овој меч блескаше Марко Ѓорѓиевски кој даде три гола, и апсолутно го понесува епитетот играч на колото. Гостивар благодарение на Алпер Потук ги освои бодовите против Шкупи, кој има слаб почеток на сезоната, додека Струга ТЛ идентично како и во првото коло, така и во второто победи само со 1-0 над новиот прволигаш Беса. Шкендија не успеа да ги освои бодовите во дуелот со Работнички играјќи на домашен терен само 1-1, а Тиквеш, пак, дојде до првите бодови со победата над Воска во Кавадарци. Херој на кавадарчани беше Спахиу кој постигна два гола.
====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Марко Ѓорѓиевски (Силекс)
Високиот напаѓач на Силекс против АП Брера, неговиот поранешен клуб „експлодираше“ со хет-трик. Додев најпрво постигна гол, а потоа на сцена стапи Ѓорѓиевски, за кого гостинските фудбалери немаа решение. Три гола, за конечен триумф од 4-0 над Брера.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Силекс)
Да се победи Брера со 4-0, тим кој во минатото коло го совлада Вардар со 3-1 нималку не е мала работа. Затоа големиот дел на заслугите одат на адресата на тренерот на кратовци, Александар Васоски. Ова беше една од најубедливите победи на Силекс откако е Васоски на клупата. И сите оние кои имаа сомнеж за Силекс после првото коло, не треба да има дилеми дека кратовци ќе бидат незгоден протвиник за секоја екипа во ПМФЛ.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Едиз Спахиу (Тиквеш)
Благодарение на головите на Спахиу, Тиквеш тојде до првата победа сезонава. Во Кавадарци совладана беше екипата на Воска Спорт. Особено првиот гол на Спахиу беше прекрасен. Голгетерот на Тиквеш шутираше неодбранливо во горниот лев агол и тоа од тешка позиција, и успеа да го совлада гостинскиот голман. Ова е голот на колото во ПМФЛ.
ФОТО НА КОЛОТО: „ФЕШТА“ НА АРЕНАТА, ДЕРБИ КАКО ШТО ДОЛИКУВА НА МАК ФУДБАЛОТ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА