Вардар му посака добредојде на Јасмин Мециновиќ (ФОТО)

Најтрофејниот македонски фудбалски тим, Вардар стигна до ново засилување во одбраната откако го официјализираше потписот на искусниот Јасмин Мециновиќ.

Триесетитригодишниот стопер со богато искуство во „црвено-црните“ редови доаѓа од Беса, а во минатото настапуваше и за Скопје, Македонија Ѓ.П, Ренова, Пелистер, Струга на домашната сцена како и за молдавските Шериф и Тираспол, норвешкиот Сонгдал, Егри и Ломбард Папа во Унгарија, ерменскиот Банатс, Рудар Плевља и Подгорица во Црна Гора, Трепча и Феризај во Косово, малезискиот Мелака и либанскиот Нејмех на интернационално ниво.

Мециновиќ има и 13 настапи за младинската репрезентација на Македонија.

Се вчитува...