ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Коло на „ремија“, голмански грешки и „нема гол – има гол“ на „Арената“

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

ТИМ НА 7. КОЛО

Освен победите на Гостивар и Силекс против Шкендија, односно против Вардар, останатите екипи никој не победи. Коло на четири „нули“, од кои две без голови, и коло во кое видовме три смешни голмански грешки на „Борис Трајковски“ во Маџари на дуелот помеѓу Гостивар и Шкендија, и повторно судиите во главната улога, овојпат на Националната Арена „Тодор Проески“ и повторно на меч на Вардар. Дарко Додев погоди во последните секунди од мечот и му донесе победа на Силекс. Судијата Пилешков прво го послуша помошникот и сигнализираше офсајд, а потоа во комуникација со него го призна голот со кој кратовци славеа триумф. Сите очи беа вперени повторно кон судиите, овој пат голот на противникот признат, што не беше случај минатото коло во Кавадарци. Чуварот на мрежата Амзаи е трагичарот на Шкендија. Практично му подари два гола на тимот на Гостивар, а потоа направи и пенал за трет гол во неговата мрежа. Навистина немаше свој ден во Маџари. Тиквеш по поразот од Вардар, одигра одлично во Струмица, но не успеа да го најде патот до мрежата на Брера, имаа и статива во првиот дек. Исто како и Работнички во Битола против Пелистер. „Романтичарите“ ја погодија и пречката во еден наврат. Струга ТЛ никако да фати ритам, па иако важеше за голем фаворит против Воска, сепак, одигра само 1-1. И тука имаше голманска грешка на Ведран Ќосевски, кој се врати меѓу диреците на Струга ТЛ. Беса во финишот и „откина“ два бода на Шкупи и тоа на нејзин терен на „Чаир“.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО:  Дарко Додев (Силекс)

Со голот на Дарко Додев во судиското надополнување, Силекс ги освои трите бода на мечот против Вардар. Вредни три бода за кратовци против Вардарци кои сакаа продолжување на успешната серија. Кратовци може да се каже заслужено победија, со оглед дека и во текот на 90 минути беа подобар ривал, имаа и повеќе од шансите, но на крајот реализираа само една по катастрофална реакција на одбраната на „црвено-црните“.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Муарем Муарем (Гостивар)

Иако неговиот тим постигна три гола по грешки на голманот на Шкендија, сепак, Муарем успеа да дојде до „скалпот“ на до вчера првопласираниот тим на табелата, и така да го преземе неговиот примат. Сега Гостивар е лидер на табелата по оваа голема победа, остварена на „неутрален“ терен во Маџари.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Абдулхади Јахја (Воска Спорт)

Во ПМФЛ во 7. коло немаше многу голови, па затоа го издвојуваме оној на Абудлхади Јахја. Иако беше грешка на Ќосевски, сепак, младиот играч на Воска Спорт ја „заби“ топката во горниот десен агол и така го донесе тимот на Воска до предност. На крајот тоа беше анулирано со гол на Марјан Радески, па овој гол на Јахја беше вреден еден голем бод.

 

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 

Се вчитува...