Гоце Седлоски и Беса си подале рака, останува само промоцијата

Гоце Седлоски ќе биде нов тренер на тимот на Беса. Тој ќе го наследи на клупата Александар Таневски, кој пред неколку дена доби отказ од клупата, па екипата против Шкупи на Чаир ја водеше Бурим Садики кој успеа да освои бод.

Седлоски и раководството на новиот прволигаш се договориле за соработка. Останува само официјалната промоција, и Седлоски да го презеде кормилото на овој тим.

Во Првата лига, Седлоски работеше во Вардар, потоа беше во Шкупи, а последен клуб му е Работнички. Пред неколку денови имаше разговори и повторно да се врати меѓу „црвено-црните“, но на крајот Вардар се реши да го назначи Срѓан Захариевски.

Се вчитува...