На почетокот на сезоната, Струга ТЛ, Шкендија како главни, и Гостивар и Шкупи како фаворити од сенка, се наметнуваа во борбата за титулата во ПМФЛ. Меѓутоа сите заборавија на Работнички, кој игра одличен шампионат.
Денеска го совладаа и Шкупи, претходно ги победија и Силекс и Струга ТЛ. „Романтичарите“ не знаат за пораз во првите осум кола, и се тим со најмал број примени на голови (четири). Првиот гол за Работнички го постигна Регба, а потоа Пинтер си постигна автогол. На крајот чаирчани преку Георг Стојановски само успеаја да намалат.
„Романтичарите“ најавуваат битка за висок пласман. Не ги поремети ниту елиминацијата од Купот од Шкендија Арачиново. Едноставно, тимот предводен од Горан Станиќ продолжи да реди успеси во шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА