После денешниот пораз од Работнички, екипата на Шкупи повторно ќе бара нов тренер во оваа сезона. Матија Мирков се реши да поднесе оставка од местото шеф на стручниот штаб на чаирскиот тим.
Мирков дојде во Шкупи на местото на Ернест Ѓока, кој на почетокот на сезоната доби отказ, и на негово место беше назначен Мирков, кој, пак, до тогаш беше тренер на голманите.
Шкупи во последните две кола одигра нерешено со Беса и загуби од Работнички, со што слабите резултати беа причина за смена. Шкупи сезонава ќе го добие третиот тренер, а исто нешто се случуваше и со Вардар. Срѓан Захариевски е третиот предводник на „црвено-црните“ после Горазд Михаилов и Горан Петрески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА