Екипите на Работнички Скопје, Наковски Волеј и Јанта Волеј КВ обезбедија пласман во полуфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција.
Одбојкарките на Работнички Скопје убедливо со 3-0 го победија Младост УГД, Наковски Волеј во три сета го елиминираше Вардар ЕМ, додека Јанта Волеј КВ со максимален резултат ги совлада Газели Волеј. Трите клуба ја потврдија фаворитската улога во четвртфиналните дуели и ќе бидат дел од финалниот турнир од Купот, на кој ќе се борат за првиот трофеј сезонава.
Последниот патник во завршницата ќе биде познат утре, за кога е закажан мечот меѓу Фит Фан Волеј и Пелистер Волеј.

ПОЛУФИНАЛЕ – КУП НА ОФМ 2025, ЖЕНИ
Наковски волеј – Вардар ЕМ 3-0 (25-6, 25-15, 25-13)
Јанта волеј – КВ Газели волеј 3-0 (25-20, 25-21, 25-21)
Работнички Скопје – Младост УГД 3-0 (25-18, 25-14, 25-13)
УТРЕ: Фит фан волеј – Пелистер волеј
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА