Карло Анчелоти има причина за разочараност откако Реал Мадрид претрпе уште еден пораз, на гостински терен против екипата на Бетис. „Кралевите“ потфрлија и покрај почетното водство, а Анчелоти има многу причини за загриженост, особено ако се земе во предвид начинот на кој Реал му дозволи на Бетис да доминира во второто полувреме.
„Почнавме добро и имавме контрола и водство. А потоа се се промени, како да престанавме да играме, а Бетис е тим што знаеше како да го искористи тоа. Немам премногу што да коментирам, противникот беше подобар, повеќе се ангажираше на теренот и заслужено триумфираше“, изјави Анчелоти по мечот.
Многу време за консолидација нема, ако се знае дека Реал веќе во вторник го очекува и првиот осминафинален дуел од Лигата на Шампионите против Атлетико Мадриид.
„Ако играме вака, немаме што да бараме ниту против Атлетико. Се надевам дека овој пораз ќе ја разбуди екипата, бидејќи вечерва не ми се допадна ниту ставот ниту залагањето на терен“, разочаран беше искусниот италијански стручњак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

