Задоволна е Барселона од Ханс Флик, па така Германецот ќе остане на „Ноу Камп“ и во следните три години.
Сегашниот договор му истекуваше во јуни 2027 година, а според очекувањата договорот ќе му биде продолжен до летото 2028 годиниа, со опција за продолжување на уште една, односно до 2029 година.
Претседателот Жоан Лапорта сакаше подолг договор, додека самиот Флик претпочиташе пократок. Така беше постигнат овој компромис. Дополнителната година ќе се активира автоматски доколку двете страни се согласат.
Конечните детали ќе бидат финализирани следната недела кога неговиот агент Пини Захави ќе пристигне во Барселона. Захави во исто време е и агент на Левановски, чија иднина е исто неизвесна.
Флик наскоро ќе го освои својот петти трофеј со Барселона откако го презеде пред две години. Доколку го одобри новиот договор, тоа ќе значи дека ќе остане на „Камп Ноу“ до 64-годишна возраст. Не е исклучено овој престој да биде продолжен и Барселона да биде последниот клуб во кариерата на Германецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
