Алегри одбра напаѓач: Бразилецот од Арсенал доаѓа на „Сан Сиро“

Многу важен состанок имаше во Милан, каде што тренерот Масимилијано Алегри разговараше за трансфер стратегијата, особено се зборуваше за нови имиња во нападот. 

Сантијаго Хименез и Никлас Фулкруг не се играчите што ги исполнија очекувањата, поради што многумина се споменуваат во медиумите како потенцијални засилувања за Милан. 

Најновото име е Габриел Жезус. Бразилскиот фудбалер кој не е во прв план (а не и во втор) во Арсенал, е само трет избор на позицијата централен напаѓач (зад Џокерес и Хаверц), а клубот сака да го продаде, тој всушност го фаќа последниот воз бидејќи Жезус има договор до 2027 година. 

Се вчитува...