Арсенал влегува во трката за потписот на Кимих

Играчот за врска на Баерн Минхен, Џошуа Кимих доколку реши да го напушти баварскиот клуб, ќе биде еден од најбараните играчи во летниот преоден рок. За него интерес покажуваат Барселона, Ливерпул, Реал Мадрид, а сега во трката се вклучи и Арсенал, објавија британските медиуми.

Бидејќи неговиот договор истекува на 30. јуни, Кимих може да преговара со кого сака. Баерн, каде има годишна плата од 19,5 милиони евра, преговара со него за продолжување на договорот, но во британските медиуми се појави информација дека Арсенал разговарал и со неговиот менаџер.

Сепак, „топчиите“ не сакаат официјално да коментираат дали имало контакти со Кимих. Сосема е извесно дека ќе имаат корист од ваков врвен фудбалер во средниот ред, бидејќи Томас Парти и Жоргињо летово ќе бидат слободни играчи.

Кимих пристигна во Баерн во јули 2015 година, а за баварскиот клуб одигра 435 натпревари.

Се вчитува...