Раководството на Бенфика се подготвува за промените во играчкиот кадар во текот на летниот преоден рок, кога се очекува португалскиот гигант да направи рокади во бековската позиција.
Македонскиот интернационалец Филип Талески по истекот на договорот ќе си замине од Бенфика, а на негово место се очекува да дојде поранешен ракометар на Е. Пелистер. Станува збор за Кубанецот Табоада, кој веќе е влезен во завршна фаза од преговорите со португалскиот гигант. Табоада имаше успешна авантура во мак-ракометот како еден од клучните ракометари во таборот на Пелистер, по што се реши да се пресели во Данска и да го облече дресот на Фредериција.
Десноракиот бомбардер со овој клуб настапува и во Лигата на Шампионите, а токму добрите изданија во елитното европско натпреварување придонесоа тој да се најде на листата на желби на Бенфика.
Што се однесува до Талески, останува да се види каде поранешниот ас на Металург и Вардар ќе ја продолжи кариерата, ако се знае дека од неколкуте понуди на маса меѓу најконкретните е онаа на македонскиот суперлигаш Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

