Тајник останува во Е. Пелистер и во следната сезона

Домен Тајник ќе продолжи да ги брани боите на Е. Пелистер и во наредната сезона откако словенечкиот бек не добил зелено светло да го напушти клубот следното лето.

Селекторот Урош Зорман сака да го врати Тајник во Словенија во тимот на Слован каде Зорман е шеф на стручниот штаб. Бекот на „пелистерци“ не крие дека бил заинтересиран за ваква разврска, но напомена дека трансфер нема да се случи бидејќи има уште една година од договорот со „пелистерци“.

„Вистината е дека во првиот дел од сезоната ситуацијата беше лоша, бев отворен за сите понуди и ќе прифатен било што. Сепак, ситуацијата се промени со доаѓањето на новиот тренер, работите тргнаа на подобро во клубот за сите, па и за мене. Знаеме дека можеме многу подобро, дека уште го немаме достигнато врвното ниво во нашата игра и веруваме дека со новиот тренер и доволно време за адаптација и воигрување можеме да бидеме многу подобро. Да бидам искрен, имам договор со Е. Пелистер и за следната сезона, клубот јасно стави до знаење дека нема да ме пушти да си заминам. Навистина, бев отворен за било каква понуда, но за несреќа, или за среќа, клубот реши да ме задржи. Обврзан сум да останам во Пелистер уште една година“, изјави Домен Тајник за словенечките медиуми.

Се вчитува...