Сер Џими Ретклиф, еден од сопствениците на Манчестер Јунајтед во интервју за „Би-би-си“ говореше на повеќе контроверзни теми. Ги критикуваше фудбалерите, ги откри и финансиските потешкотии на клубот, а и промашувањата на претходното раководство.
Според англискиот бизнисмен несомнено грешка е ангажманот на Дејвис Мојс, шкотскиот тренер кој имаше тешка задача да го наследи легендарниот Сер Алекс Фергусон во 2013 година.
„Ми се допаѓа Дејвид Мојс и сметам дека е добар менаџер, но да спаднете од Сер Алекс Фергусон на Дејвид Мојс… Тоа е нешто што јас не би го направил. Мојс пристигна за да влезе во чевлите на Фергусон, човек кој 13 пати ја освои Премиер лигата, тренер кој двапати славеше и во Лигата на шампиони. Јунајтед реши тие обврски да му ги предаде на човек кој никогаш немаше тренирано големи играчи во својот живот, а кој воедно немаше освоено ништо големо.
Сметам дека тој немаше карактер за да застане пред такви големи играчи. Не сум сигурен дека Реал Мадрид би донел одлука каква што донесе Манчестер Јунајтед за наследник на Фергусон. Клуб секогаш мора да има добар тренер и добар оперативец, а Јунајтед како најголем клуб во светот мора да ги има најдобрите. Наместо да го добијат најдоброто, Јунајтед донесе две погрешни одлуки по заминувањето на Ферги“, изјави Ретклиф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

