Арсенал се врати на победите, Мерино со еден гол за триумф над Челси (ВИДЕО)

По три едноподруго меча без победа, две ремија и пораз, Арсенал се врати на победите во Премиерлигата триумфирајќи со 1-0 против Челси во 29. коло.

„Топчиите“ до победата дојдоа благодарение на голот на Мерино во 20. минута од средбата.

Фулам, пак, славеше со 2-0 против Тотенхем. Стрелци на головите за Фулам беа Родриго Муниз во 78. минута и Сосењон во 88. минута.

Се вчитува...