Класата е вечна: Прекрасен гол на Меси за победа на Интер Мајами (ВИДЕО)

Лионел Меси постигна прекрасен гол во победата на Интер Мајами против Атланта Јунајтед од 2-1. Аргентинецот постигна гол откако му ја одзеде топката на Бартош Слис, го мина Дерик Вилијамс и со прецизен удар ја смести топката во мрежата на голманот Бред Гузан. Со овој гол Меси ја продолжи својата неверојатна серија. Тој постигна голови во сите 22 професионални сезони во кои играше.

„Само најдобриот играч во историјата на овој спорт може да постигне ваков гол. Нема потреба од дополнително објаснување“, изјави тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано на прес-конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...