Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик беше задоволен од победата на својот тим од 4-2 на гостувањето кај Атлетико Мадрид. Барселона до 72. минута губеше со 2-0, а потоа постигна четири гола во последните мигови и да дојде до трите бода.
Флик кажа дека е среќен за тимот, и дека неговиот тим покажал победнички дух, и покрај безизлезната ситуација до 72. минута кога Атлетико имаше предност од 2-0.
„Мислам дека одигравме добро во првото полувреме. Откако примивме два гола, покажавме одличен карактер. Се боревме и создадовме неверојатни моменти. Многу сум среќен за тимот, за клубот и за навивачите. Феран е одличен. Добро им оди на играчите кои влегуваат како замени. Тој тренира многу добро и е во одлична форма. Секогаш дава се од себе, исто како и другите играчи кои доаѓаат од клупата. Ова е она што ни треба. Го обожувам овој тим, задоволство ми е да работам во Барселона“, изјави Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА